Muhammet Nazım Taşcı
22 Мај 2020•Ажурирај: 22 Мај 2020
АНКАРА
Според интернет-страницата „Worldometer“, која ги објавува податоците во врска со епидемиолошката состојба, во светот новиот тип коронавирус (Ковид-19) е детектиран кај 5.207.910 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Најголем број заразени се детектирани во САД, вкупно 1.621.196. Следуваат Русија (326.448), Бразил (310.921), Шпанија (280.117), Велика Британија (250.908), Италија (228.006), Франција (181.826), Германија (179.021), Турција (153.548)...
Земји со над 50.000 заразени се: Иран (129.341), Индија (118.501), Перу (108.769), Кина (82.971), Канада (81.324), Саудиска Арабија (65.077), Мексико (59.567), Чиле (57.581) и Пакистан (50.694).
Новиот тип коронавирус се појави во декември 2019 година во кинескиот град Вухан, по што се прошири во повеќе од 200 земји и региони во светот. Вкупниот број на починати во светот од последици предизвикани од заразеност со Ковид-19 изнесува 334.848 лица.
Од заразеност со новиот тип на коронавирус оздравеа 2.083.393 лица, додека сѐ уште 2.780.514 се активни случаи.