Behlül Çetinkaya
22 Мај 2020•Ажурирај: 23 Мај 2020
КАРАЧИ
Патнички авион со повеќе од 90 патници и членови на екипажот се сруши денеска во пристанишниот пакистански град Карачи, јавува Агенција Анадолија (АА).
Локалните официјални претставници и медиуми јавуваат дека авион на компанијата „Пакистан ерлајнс“ се срушил во населено место во близина на аеродромот во Карачи.
Несреќата се случила за време на слетувањето на авионот на аеродромот, а досега нема информации за жртвите од авионската несреќа на јужниот дел на Пакистан.
Локалната медиумска куќа „Гео њуз“ (Geo News) објави снимка на која се гледа како над остатокот на авионот се дига густ облак од чад, а на местото на несреќата изгореле и повеќе возила.
Истиот извор јавува дека при падот на авионот се оштетени повеќе станбени објекти.