Fuat Kabakcı
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ПЕКИНГ (АА) - Кина не прифаќа независна меѓународна истрага за потеклото на коронавирусот Ковид-19, тврдејќи дека таа е политички мотивирана, истакна кинеската амбасадорка во Велика Британија, Чен Вен, пренесува Агенција Анадолија (AA).
Говорејќи за тврдењата дека Ковид-19 се проширил од лабораторија во Вухан, град во кинеската покраина Хубеј, Вен рече дека тие не прифаќаат никаква меѓународна истрага.
„Независната истрага во потполност е политички мотивирана. Ние моментално се бориме со вирусот. Сите наши напори ги вложуваме во тоа. Зошто зборуваме за оваа истрага? Ова не е само свртување на вниманието, туку и пренасочување на ресурсите во друга насока“, истакна Вен.
Смета дека станува збор за политички мотивирана иницијатива и дека таа никому не носи ништо добро. Таа е на мислење дека гласините за потеклото на Ковид-19 се многу опасни.
Непрекинатата расправа помеѓу Соединетите Американски Држави (САД) и Кина за потеклото на вирусот зеде замав со познатиот кинески епидемиолог Џонг Наншан на 6 март, кој рече дека не мора да значи дека потеклото на вирусот е од Кина, каде што се појави за првпат.
Американските медиуми објавија дека вирусот е произведен на еден институт во Вухан, каде што се регистрирани и првите случаи на коронавирусот во декември минатата година.