Zylfije Adem Jakupi
25 Април 2020•Ажурирај: 26 Април 2020
ПРИШТИНА (АА) - Во Косово пристигна вториот контингент здравствена опрема од Турција како помош во соочувањето со пандемијата на Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (AA).
„Вршителот на должноста министер за здравство на Косово, Арбен Витиа, и турскиот амбасадор во Косово, Чагри Сакар, оценија дека соработката меѓу двете земји има исклучителна важност за успешно справување со пандемијата на Ковид-19“, соопшти косовското Министерство за здравство.
Тие вчера попладне присуствуваа на приемот на контингентот медицинска опрема донирана од Република Турција на Косово за полесно справување со коронавирусот, како дел од пакетот медицинска помош што Турција авионски ја испорача во Косово на 8 април, која вклучува мерки за заштита при работа за здравствените работници, апарати и друга медицинска опрема.
Косовскиот министер Витиа ѝ се заблагодари на Турција за придонесот во здравствениот систем за справување со Ковид-19, додека амбасадорот Сакар рече дека Турција е посветена да му помогне на Косово и на другите земји во решавање на заедничкиот и глобален проблем.
Медицинска помош од Турција за борба против Ковид-19 во изминатиот период пристигна и во Северна Македонија, како и во други балкански земји како Србија, Црна Гора и Босна и Херцеговина.