Dejan Maksimovic
17 Март 2020•Ажурирај: 18 Март 2020
РИМ (AA) - Анџело Борели, директорот на Цивилната заштита на Италија соопшти дека во изминатите 24 саати починаа 345 лица од коронавирусот (Ковид-19) со што бројот на починатите од почетокот на ширењето на коронавирусот се искачи на 2.503, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според Борели потврдени се нови 2.989 случаи на заразување со коронавирусот, што е повеќе во однос на претходниот ден и дека вкупната бројка на сега активни случаи е 23.073.
Локалните медиуми наведуваат дека Борели изјавил дека во Италија од почетокот на ширењето на коронавирусот се забележани вкупно 21.506 случаи. Досега се излекувани 2.941 лице, додека моментално на интензивна нега се наоѓаат 2.060 пациенти.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11 март поради ширењето на коронавирусот прогласи глобална пандемија. Од коронавирусот во светот починаа повеќе од 7.500 лица, а потврдени се преку 180.000 случаи на заразување со коронавирусот во речиси 160 земји, според податоците на СЗО.