Barış Seçkin
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
РИМ
Во Италија во последните 24 часа починаа уште 420 лица поради новиот вид коронавирус (Ковид-19), со што вкупната бројка на починати лица во земјата се искачи на 25.969, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Оваа информација преку писмено соопштение ја потврди Цивилната одбрана на оваа земја. Според соопштението, во земјата моментално се наоѓаат 106.527 активни случаи со коронавирус, додека вкупната бројка на случаи, вклучувајќи ги починатите и излекуваните лица изнесува 192.994.
Се вели дека денес се излекувани 2.992 лица, со што вкупната бројка на излекувани во земјата се искачи на 60.498 лица.
Во соопштението се истакнува дека во последните 24 часа починаа уште 420 лица поради Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 25.969 лица.
Според соопштеното, 2.173 лица се наоѓаат на интензивна нега. Се вели дека досега во Италија извршени се 1 милион 642 илјади и 356 тестирања за Ковид-19.