Esin Işık
24 Април 2020•Ажурирај: 25 Април 2020
АНКАРА
Бројката на излекувани лица од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Турција се искачи на 21.737, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според ажурираните податоци од табелата за дневниот биланс во врска со коронавирусот во Турција која е објавена на интернет страницата на Министерството за здравство на Турција, денес се извршени 48.351 тестирање за Ковид-19, од кои 3.122 лица сe позитивни на овој вирус.
Во Турција се извршени вкупно 830.257 тестирања, откриени се вкупно 104.912 случаи, додека починаа вкупно 2.600 лице поради Ковид-19.
Се нагласува дека 1.790 лица се наоѓаат на интензивна нега, бројот на интубирани пациенти изнесува 929, додека вкупно излекувани се 21.737 лица.
Министерот за здравство на Турција, Фахретин Коџа, на својот Твитер профил ги објави ажурираните податоци за билансот во врска со Ковид-19 во Турција.
„Успешни сме во пребарување, рано дијагностицирање и лекување. Постигнатите резултати треба да се поддржуваат со преземање мерки. Дајте ни сила“, напиша Коџа.