свет, Коронавирус

Истражување: Пандемијата ја истакнува социјалната поделеност и нееднаквост во Италија

- Пандемијата на Ковид-19 ги влоши економските и социјалните нееднаквости во Италија кои ги погодуваат најсиромашните, ранливите групи и помалку образованите, покажа истражувањето објавено денес

Ekip  | 03.07.2020 - Обновена : 05.07.2020
Истражување: Пандемијата ја истакнува социјалната поделеност и нееднаквост во Италија

РИМ

Пандемијата на Ковид-19 ги влоши економските и социјалните нееднаквости во Италија кои ги погодуваат најсиромашните, ранливите групи и помалку образованите, покажа истражувањето објавено денес, јавува Агенција Анадолија (АА).

Според годишниот извештај на италијанската национална канцеларија за статистика Истат, социјалното и економското влијание од појавата на пандемијата, која однесе 35.000 животи низ целата земја, ќе предизвика зголемена невработеност и сиромаштија и ќе забележи ниска стапка на наталитет.

Истражувањето потврдува дека тежок ќе биде економскиот исход од пандемијата на италијанска економија која веќе е во стагнација, при што годинава производството на земјата ќе забележи пад од 8,3 отсто.

„Во извештајот се потврдува дека постарата популација претставува најранлива категорија и е најтешко погодена од пандемијата. Речиси 85 отсто од вкупниот број на смртни случаи се луѓе постари од 70 години, додека повеќе од 56 отсто од жртвите биле постари од 80 години“, се вели во Извештајот.

Истат исто така, за да се проучи стапката на смртност од Ковид-19, направена е анализа за морталитетот секој месец одделно од јануари 2019 до март 2020 година, фокусирајќи се на нивото на образование на оние што починале. Откриено е дека во периодот на коронавирусот, зголемена е стапката на смртност кај помалку образованите луѓе во март - на врвот од пандемијата - за мажите на 1,38 од 1,23 отсто од една година претходно, додека кај жените стапката се зголемила на 1,36 од 1,08 отсто.

„Неповолните социо-економски услови ги изложуваат луѓето на поголем ризик од живеење во мало или пренатрупано домување, намалувајќи ја можноста за донесување мерки за социјално растојание“, се истакнува во извештајот.

Истражувањето покажа дека вонредната состојба предизвикана од Ковид-19 ги нагласила веќе постоечките нееднаквости, бидејќи луѓето со ниски приходи веројатно ќе бидат принудени да работат за време на состојбата на ограничено движење, додека многу нередовни работници ги загубија своите несигурни работни места

Во извештајот се предвидува дека „шокот“ предизвикан од пандемијата на ниво на вработеност ќе влијае на веќе ниската стапка на наталитет во Италија.

Според симулациите кои ја зедоа предвид климата на неизвесност и страв создаден од пандемијата, во непосредна иднина Италија би можела да ризикува пад на бројот на новороденчиња за околу 10.000, во период 2020 - 2021 година, соопшти Истат.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın