Sinan Doğan
03 Јули 2020•Ажурирај: 04 Јули 2020
АНКАРА
Во вооружен напад изведен врз полицијата во Мексико животот го загубија 5 полицајци, а 2 се ранети, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во мексиканските медиуми, вооружени лица од комбе отвориле оган врз полициска патрола која се наоѓала на должност на патот во градот Апасео ел Алто во државата Гванахуато.
Во нападот што е изведен со автоматски пушки, животот го загубиле 5 полицајци, а 2 се ранети.
Напаѓачите избегале од местото на нападот, а ранетите полицајци се префрлени во болница.
Алвар Кабеса де Вака, секретар за безбедност на Гванахуато информираше дека во подрачјето е започната операција за откривање на напаѓачитеи додаде „Извршен е кукачички и предавнички напад врз нашите полицајци. За жал животот го загубија 5-мина претставници на безбедносните сили.“