Mustafa Melih Ahıshalı
20 Април 2020•Ажурирај: 20 Април 2020
ИСТАНБУЛ (АА) - Вкупниот број на починати од новиот вид коронавирус (Ковид-19) во Иран се зголеми на 5.209, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според веста на иранската државна телевизија, портпаролот на иранското Министерство за здравство, Кијануш Џиханпур, истакнал дека во последните 24 часа од Ковид-19 во земјата починале 91 лице.
Џиханпур нагласи дека со ова, вкупниот број на починати во земјата се зголемил на 5.209.
Тој информира дека бројот на откриени случаи со Ковид-19 во земјата, со раст од 1.294, се искачи на 83.505.
Според него, 3.389 пациенти заразени со овој вирус се наоѓаат во тешка состојба, додека 59.273 лица се излекувани и отпуштени од болница.