Elena Teslova
20 Април 2020•Ажурирај: 21 Април 2020
МОСКВА (АА) - Бројот на потврдени случаи на коронавирусот Ковид-19 во Русија се зголеми за 4.268, достигнувајќи вкупна бројка од 47.112, пренесува Агенција Анадолија (АА).
„Во изминатите 24 часа во земјата починаа 44 лица, со што бројот на смртни случаи достигна 405“, соопшти Тимот за вонредни состојби.
Оттаму додадоа дека со 155 новоизлекувани, вкупниот број на оздравени лица во земјата изнесува 3.446.
Речиси половина од новите пациенти - 45,3 отсто - се асимптоматски, но се дијагностицирани преку тестирање.
Главниот град Москва е најпогоден од вирусот со 2.026 нови случаи и вкупен број на пациенти со коронавирус од 25.350.
Вирусот Ковид-19, откако за првпат се појави во кинескиот град Вухан изминатиот декември, се прошири во речиси 200 земји и региони во светот. Европа и Соединетите Американски Држави (САД) се најтешко погодените региони.
Пандемијата на Ковид-19 досега зеде над 165.000 животи, вкупниот број на заразени надмина 2,4 милиони, додека речиси 629.000 лица се излекуваа од вирусот, покажуваат податоците на американскиот Универзитет „Џонс Хопкинс“.