Şeyma Uzundere
09 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
АНКАРА
Во Индија во изминатите 24 часа се забележани 131.968 нови случаи на заразување со коронавирус, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 13.060.542, јавува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Индија соопшти дека станува збор за најголем број на заразени на дневно ниво од 30 јануари 2020 година, кога беше забележан првиот случај на заразување со коронавирус.
Во истиот период од последиците на заразување починаа 780 лица, со што вкупниот број на починати достигна 167.642.
До сега се излекувани 11.913.292 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Во Индија, која има околу 1,4 милијарди жители, до сега се употребени 94.334.262 дози на вакцина против коронавирусот, од кои 3.691.511 во изминатите 24 часа.
Индија според податоците на порталот „Worldometers“, по бројот на заразени со коронавирус во светот се наоѓа на трето место, по САД и Бразил.