Muhammed Emin Canik
09 Април 2021•Ажурирај: 09 Април 2021
БУЕНОС АИРЕС
Новиот тип на коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 4.249 во Бразил, пренесува Агенција Анадлија (АА).
Според податоците што ги објави бразилското Министерство за здравство, во последните 24 часа детектирани се 86.652 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на лица позитивни на вирусот се искачи на 13.279.857.
Во последното деноноќие во Бразил починаа 4.249 лица кај кои е детектиран коронавирусот. Оваа бројка претставува највисока смртност поради Ковид-19 на дневно ниво од почетокот на пандемијата во оваа земја. Досега од последици на заразувањето со Ковид-19 животот го загубија 345.025 лица.
Бројката на починати поради заразувањето со Ковид-19 во Бразил за првпат надмина 4.000 на 7 април.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил со популација од 210 милиони жители, е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати.
Оваа земја минува низ тежок период бидејќи во последните недели исполнети се капацитетите на одделенијата за интензивна нега, а забележано е и ширење на варијантата П1 која се пренесува поинтензивно. Се смета дека оваа варијанта на коронавирусот се појавила во бразилската сојузна држава Амазон.