свет

Мексико ги предупреди САД дека приливот на бегалци ќе расте и ќе стане траен

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марчело Ебрард, давајќи понуда да инвестира во Хондурас, Гватемала и Салвадор, рече дека очекуваат администрацијата на Вашингтон да вложи заеднички напори во врска со тоа.

Fuat Kabakcı  | 09.04.2021 - Обновена : 10.04.2021
Мексико ги предупреди САД дека приливот на бегалци ќе расте и ќе стане траен

АНКАРА

Мексико истакна дека САД треба да инвестираат 2 милијарди долари секоја година во Хондурас, Салвадор и Гватемала, во спротивно, приливот на бегалци од овие земји ќе расте и ќе стане траен, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Мексиканскиот министер за надворешни работи, Марчело Ебрард, давајќи понуда да инвестира во Хондурас, Гватемала и Салвадор, рече дека очекуваат администрацијата на Вашингтон да вложи заеднички напори во врска со тоа.

„Ако го погледнете регионот од различни агли, особено демографијата и економијата, сигурно е дека приливот на бегалци ќе расте и ќе стане траен во следните години“, нагласи Ебрард, додавајќи дека Соединетите Американски Држави ќе треба да трошат 2 милијарди долари секоја година за развој на овие земји.

- Најголем број од 2006 година

Гватемала и Салвадор се меѓу земјите што испраќаат најмногу имигранти во САД, кои се наоѓаат на јужната граница.

Комесаријатот за царина и гранична заштита на САД (CBP) на 2 април соопшти дека бројот на имигранти фатени во обид да ја преминат границата меѓу САД и Мексико во март надмина 171.000 лица, што е најголем број од 2006 година.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.