свет, Коронавирус

Индија: Во едно деноноќие детектирани над 180.000 случаи на Ковид-19

Индија на почетокот од оваа недела го надмина Бразил по бројот на новозаразени и во моментов е втора земја во светот, по САД, според бројот на заразени

Ekipa  | 14.04.2021 - Обновена : 15.04.2021
Индија: Во едно деноноќие детектирани над 180.000 случаи на Ковид-19

ЊУ ДЕЛХИ (АА) - Според најновите податоци на здравствените власти во Индија, во последните 24 часа се регистрирани повеќе од 184.000 новозаразени со новиот тип коронавирус (Ковид-19), што претставува највисока бројка на регистрирани лица позитивни на Ковид-19 во едно деноноќие од почетокот на пандемијата, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Министерството за здравство на оваа земја соопшти дека во последните 24 часа се детектирани 184.372 случаи на Ковид-19, зголемувајќи го вкупниот број лица позитивни на Ковид-19 на 13,8 милиони.

Последната недела во Индија константно се зголемува бројката на новозаразени. Од последиците на Ковид-19 во оваа земја досега починаа 172.085 лица.

Најпогодена индиска држава од коронавирусот е Махараштра, која ги заостри мерките против ширењето на заразата во следните 15 дена, така што граѓаните ќе можат да ги напуштаат своите домови само во неопходни случаи.

За да се избори со пандемијата, Индија во вторникот ја одобри употребата на руската вакцина „Спутник V“. Владата соопшти дека ќе го забрза процесот за одобрување и на другите странски вакцини.

Индија на почетокот од оваа недела го надмина Бразил по бројот на новозаразени и во моментов е втора земја во светот, по САД, според бројот на заразени.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın