Балкан, Коронавирус

Северна Македонија: Регистрирани 1.129 нови случаи на Ковид-19, починати 27 лица

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 27 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.289.

Admir Fazlagic  | 13.04.2021 - Обновена : 14.04.2021
Северна Македонија: Регистрирани 1.129 нови случаи на Ковид-19, починати 27 лица

СКОПЈЕ 

Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 1.129 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата порасна на 143.162, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Од последици предизвикани од коронавирусот во истиот период починаа 27 лица, со што билансот на починати од овој вирус во земјата се искачи на 4.289.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1.152 оздравени пациенти од Ковид-19, додека вкупната бројка на излекувани изнесува 118.946.

Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 е 19.927.

Досега во земјата се направени вкупно 674.378 тестирања на Ковид-19 од кои 4.045 во последните 24 часа.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın