Mustafa Deveci
20 Август 2021•Ажурирај: 22 Август 2021
КУДС (АА) - Советодавниот одбор на Израел за вакцини и контрола на ширењето на Ковид-19 одлучи да ги прошири групите на кои ќе им се администрира третата доза на вакцината за заштита од Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според тоа, третата доза ќе им се даде на лица постари од 40 години и на наставниците.
По донесената одлука, соопштено е дека премиерот Нафтали Бенет утрово ќе ја прими третата доза.
Бројот на лицата вакцинирани со третата доза надмина 1.200.000.
Израел на крајот на минатиот месец одлучи трета доза на вакцината да им биде администрирана на лицата на возраст над 60 години, а на 13 август беше донесена одлука со трета доза да бидат вакцинирани и луѓето на возраст над 50 години.
Во земјата со популација од приближно 9,3 милиони, првата доза на вакцината за заштита од Ковид-19 им е администрирана на 5.000.871 лице, втората на 5.431.000 лица, а третата доза на 1.201.000 лица.