Sinan Doğan
20 Август 2021•Ажурирај: 21 Август 2021
БОГОТА
Новиот тип коронавирус (Ковид-19) продолжува да е причина за смртта на голем број лица во земјите на Латинска Америка, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Министерството за здравство на Бразил објави дека во последното деноноќие во оваа земја починале 979 лица заразени со Ковид-19, со што вкупната бројка на смртни случаи од коронавирусот е зголемена на 572.641.
Бројката на лица кај кои во последните 24 часа е детектиран Ковид-19 изнесува 36.315, така што вкупниот број позитивни на коронавирусот од почетокот на епидемијата во земјата се искачи на 20.494.212.
По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил е втора земја во светот според бројот на починати, а трета според бројката на лица позитивни на коронавирусот. Во оваа земја досега оздравеа 19.393.047 лица претходно позитивни на Ковид-19.
- Мексико
Министерството за здравство на Мексико соопшти дека во последните 24 часа во земјата починале 850 лица заразени со коронавирусот, а детектирани се 23.006 новозаразени.
Мексиканските власти информираа дека досега во земјата се регистрирани 251.319 смртни случаи, а вкупната бројка на лица позитивни на Ковид-19 се зголеми на 3.175.211. Досега во оваа земја оздравеа 2.503.833 лица позитивни на Ковид-19.
Мексико е четврта земја во светот, по САД, Бразил и Индија, според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19.
Во исто време, Мексико, со популација од 126 милиони жители, се наоѓа на 15. место во светот по бројот на лица позитивни на Ковид-19, според интернет-страницата „Worldometers“, која секојдневно ги ажурира податоците поврзани со пандемијата на коронавирусот во земјите од светот.
- Аргентина
Министерството за здравство на Аргентина информира дека во последното деноноќие починале 189 лица од последиците предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка смртни случаи во земјата се зголеми на 109.841. Во истиот период детектирани се 10.596 новозаразени, со што вкупниот број лица позитивни на коронавирусот се искачи на 5.116.803.
Во Аргентина, која има 45 милиони жители, досега оздравеа 4.785.379 лица заразени со коронавирусот.
Аргентина, според бројот на лица позитивни на вирусот, се наоѓа на осмото место во светот.
- Колумбија
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Колумбија, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 120 лица, со што вкупниот број смртни случаи достигна 123.901.
Во последното деноноќие детектирани се 3.193 лица позитивни на коронавирусот, така што вкупниот број на заразени со вирусот се искачи на 4.880.516. Во оваа земја досега оздравеа 4.706.978 лица заразени со Ковид-19.
Колумбија, која брои популација од околу 50 милиони, е деветта земја во светот според бројката на заразени со Ковид-19.
- Перу
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Перу, во последните 24 часа починале 40 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, а детектирани се 698 новозаразени.
Во оваа земја вкупниот број заразени се зголеми на над 2.138.666, од кои животот го загубија 197.716 лица, а оздравеа над 2.108.080 лица кај кои бил детектиран коронавирусот.
Перу се наоѓа на петтото место во светот според бројката на починати од последиците предизвикани од заразувањето со Ковид-19, а на 19. место според бројката на лица позитивни на коронавирусот.
- Чиле
Министерството за здравство на Чиле соопшти дека во последните 24 часа починале 68 лица од последиците предизвикани од коронавирусот, така што вкупната бројка на смртни случаи во оваа земја достигна 36.524.
Во истиот период регистрирани се нови 899 случаи на заразување со Ковид-19, со што вкупниот број на лица позитивни на коронавирусот се искачи на 1.631.689, а оздравеа вкупно 1.588.236 лица претходно заразени со коронавирусот.