Yusuf Hatip
05 Јуни 2020•Ажурирај: 06 Јуни 2020
БРИСЕЛ
Европската комесарка за внатрешни работи, Илва Јохансон, порача дека е потребно сите земји членки на Европската Унија (ЕУ) до крајот на јуни да ги отворат границите едни кон други, додека до отворање на надворешните граници на Унијата би требало да дојде на почетокот на јули, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На денешниот состанок, министрите за внатрешни работи на ЕУ најавија дека отворањето на внатрешните граници на Шенген-зоната би требало да биде завршено до крајот на јуни, а постепеното отворање на надворешните граници на ЕУ би требало да се случи во јули.
Јохансон по состанокот на министри за внатрешни работи на земјите членки на ЕУ изјави дека е задоволна од одлуката на некои земји на ЕУ да ги отворат границите во Унијата.
На состанокот е оценето дека вкупната епидемиолошка ситуација во ЕУ е позитивна што ќе им овозможи на поголемиот дел на земјите членки до 15 јуни да ги отворат границите во Шенген-зоната, а останатите тоа би требало да го завршат до крајот на месецот.
„Од почетокот на јули би требало постепено да го разгледуваме укинувањето на ограничувањето на патувањата за странците во земјите на ЕУ“, изјави Јохансон.