Muhammet Kurşun
05 Јуни 2020•Ажурирај: 05 Јуни 2020
ТЕХЕРАН
Во Иран, во изминатите 24 часа од последиците на Ковид-19 починаа 63 лица, со што вкупниот број на починати се зголеми на 8.134, јавува Агенција Анадолија (АА).
Портпаролот на Министерството за здравство, Кијануш Џиханпур, изјави дека во истиот период се потврдени 2.886 нови случаи на заразување и дека вкупниот број на заразени достигна 167.156.
Истакна дека 2.573 заразени имаат тешка клиничка слика и додаде дека се излекувале 129.741 лица кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
Џиханпур напомена дека покраината Хузестан, поради раст на бројот на заразените е прогласена за „црвена зона“ и изјави дека Источен и Западен Азербејџан, Курдистан, Керман, Керманшах, Хормозган и Бушер се наоѓаат меѓу високоризичните покраини.
Бројот на новозаразени во Иран на почетокот на мај падна до 700, но со укинувањето на мерките е забележан повторен раст на бројот на заразените.
Во Иран од почетокот на пандемијата се тестирани повеќе од 1.040.000 примероци.
Првиот случај на Ковид-19 во таа земја е забележан на 19 февруари во градот Ком.