Aybüke İnal
20 Мај 2020•Ажурирај: 21 Мај 2020
АНКАРА (АА) – Во Турција во последните 24 часа регистрирани се 972 лица позитивни на новиот тип коронавирус, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 152.587, јавува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението објавено на интернет-страницата на Министерството за здравство на Република Турција и во објавата на министерот за здравство, Фахретин Коџа, на социјалната мрежа Твитер се наведува дека денес се извршени 20.832 тестирања за Ковид-19, и дека вирусот е потврден кај 972 лица.
Според соопштението на Министерството, во последните 24 часа од Ковид-19 починале 23 пациенти, со што вкупната бројка на починати се искачи на 4.222, а излекувани се 1.092 лица.
Во земјата направени се вкупно 1.696.355 тестирања на вирусот, при што вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 изнесува 152.587.
На одделите за интензивна нега се наоѓаат 877 пациенти, а на респиратор се поврзани 445. Вкупно до сега излекувани се 113.877 пациенти.
Министерот за здравство Фахретин Коџа, на својот Твитер профил даде проценка на денешните податоци за Ковид-19.
„Бројот на случаи е намален под 1.000. И денес е намален бројот на починати. Ќе ги смениме условите во борбата со вирусот, ќе се бориме послободно. Нашиот нов животен стил е контролиран социјален живот и примена на мерките. Условите се маски и социјална дистанца од 1,5 метри“, нагласи министерот Коџа.