Ekip
15 Септември 2017•Ажурирај: 16 Септември 2017
СКОПЈЕ/ТИРАНА/ПРИШТИНА (АА) - Според метеоролозите Македонија во текот на викендот ќе влезе во жолта фаза, а во Албанија и Косово ќе преовладува сончево и топло време, јавува Anadolu Agency (AA).
Од Управата за метеоролошки работи на Македонија соопштија за метеоролошки аларм во текот на викендот поради што целата територија ќе биде опфатена со високи температури од жолта фаза.
Поради тоа, Министерството за здравство на Македонија упати апел до граѓаните да обрнат посебно внимание на нивното здравје, особено поради температурните промени во овој период.
„Потребно е да се избегнува директна изложеност на сонце, како и да се почитуваат општите мерки за заштита на здравјето“, велат од Министерството за здравство.
Според прогнозата температурите во текот на викендот во Македонија се очекува да достигнат до 38 степени целзиусови.
Според Институт за науки за земјата, енергетика, вода и животна средина на Албанија, ќе има едно постепено зголемување на температурите до 17 септември.
Во викендот се очекува зголемување на температурите, каде максимално ќе достигне од 31 до 33 степени, особено во крајбрежните зони.
Според овој Институт, можните пожари лесно можат да се контролираат од противпожарникарските тимови.
Како што соопшти Хидрометеоролошкиот институт на Косово, температурите во земјата ќе се движат од 30 до 32 степени целзиусови.