Alaattin Doğru
04 Јануари 2022•Ажурирај: 05 Јануари 2022
АНКАРА
Во Франција во последните 24 часа се регистрирани уште 67.461 случај од новиот вид на коронавирус, јавува Агенција Анадолија (АА).
Според последните податоци кои ги објави Агенцијата за јавно здравство, во целата земја забележан е 67.461 нов случај на заразата со Ковид-19, а 181 лице починало како последица од болеста.
Бројот на умрени од почетокот на епидемијата е 124.212 лица.
Во болниците се лечат 19.606 лица, од кои 3.654 на одделите за интензивна нега.
Министерството за здравство соопшти дека 52.927.791 лице, што одговара на 78,5 отсто од француската популација примило најмалку една доза од вакцината.
Во Франција во петок, со 232.200 случаи е забележан најголемиот број на заболени од почетокот на епидемијата со Ковид-19.