свет, Коронавирус

Во светот над 5.570.000 лица позитивни на вирусот Ковид-19

Соединетите Американски Држави (САД) сè уште се најтешко погодени од вирусот, со 1.740.100 милиони потврдени случаи

Emel Gözellik  | 28.05.2020 - Обновена : 28.05.2020
Во светот над 5.570.000 лица позитивни на вирусот Ковид-19

АНКАРА (АА) - Бројот на заразени со новиот вид коронавирус во светот надмина 5.750.000, пренесува Агенција Анадолија (AA).

Според веб-страницата „Worldometer“, на која се прикажани податоците за бројот на заразени, починати и оздравени, во светот позитивни на вирусот Ковид-19 се 5.751.184 лица.

Соединетите Американски Држави (САД) сè уште се најтешко погодени од вирусот, со 1.740.100 милиони потврдени случаи.

По САД, најголем број случаи на коронавирусот забележани се во Бразил (396.166), Русија (370.680), Шпанија (283.849), Велика Британија (267.240), Италија (231.139), Франција (182.913) и во Германија (181.821).

Во Турција регистрирани се вкупно 159.797 случаи на Ковид-19.

Други земји со повеќе од 50.000 потврдени случаи на вирусот Ковид-19 според „Worldometer“ се Индија (158.086), Иран (141.592), Перу (129.751), Кина (82.993), Чиле (82.289), Саудиска Арабија (78.541), Мексико (74.560), Пакистан (59.151) и Белгија (57.592).

Коронавирусот за првпат е откриен во кинескиот град Вухан во декември 2019 година, а набргу се прошири во речиси сите земји од светот.

Од Ковид-19 досега во светот починаа вкупно 355.361 лице, а се излекуваа вкупно 2.473.000 лица.



На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın