Mehmet Burak Karacaoğlu,Ahmad Wais
28 Мај 2020•Ажурирај: 28 Мај 2020
ИДЛИБ (АА) - Терористички групи поддржани од Иран, кои се во редовите на режимот на Башар ал Асад во Сирија, го ископаа и го испразнија гробот на Омер бин Абдулазиз, еден од исламските калифи. Судбината на остатоците од телото на калифот не е позната, пренесува Агенција Анадолија (АА).
На снимките што ги споделуваат режимските сили од нивните профили на социјалните мрежи се гледа дека е ископан гробот на калифот Омер бин Абдулазиз во селото Дејр Шарки, во близина на областа Маратунуман во Идлиб.
Исто така, на снимките се прикажува дека гробот на Омер бин Абдулазиз, еден од внуците на вториот исламски калиф Омер, е празен, а судбината на остатоците од телото на Калифот не е позната.
Режимските сили непочитувајќи ги договорите од Сочи и Астана, во изминатите месеци го запалија и предизвикаа голема штета на турбето кајшто се наоѓа гробот на исламскиот калиф во областа Маратунуман.