İdris Sülün
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
ИСТАНБУЛ (АА) - Во светот досега се аплицирани над 4,93 милијарди дози од вакцините против Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека најмногу дози се администрирани во Кина, над 1,94 милијарди дози.
Следуваат Индија (над 576,37 милиони дози), САД (361,68 милиони), Бразил (173,65 милиони), Јапонија (115,74 милиони), Германија (99,34 милиони) и Велика Британија (89,70 милиони).
Според податоците на турското Министерство за здравство, во земјата дадени се повеќе од 88,59 милиони дози, при што првата доза ја примиле над 45,91 милион, две дози примиле повеќе од 35,07 милиони граѓани, а над 7,36 милиони трета доза.
Повеќето вакцини се даваат во две дози, а некои држави, како што е Турција, започнаа да даваат и трета доза. Затоа, бројот на дози не одговара со бројот на вакцинирани лица.
Податоците објавени на страницата „Worldometers“ покажуваат дека бројот на заразени со коронавирусот во светот надмина 212,3 милиони, додека како последица на вирусот починале над 4,44 милиони.