Elena Trenchevska Chekovic
22 Август 2021•Ажурирај: 23 Август 2021
СКОПЈЕ (АА) - Во последните 24 часа во Република Северна Македонија регистрирани се 882 нови случаи на коронавирусот, Ковид-19, со што вкупната бројка на евидентирани случаи од почетокот на епидемијата во земјата достигна 168.872, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во истиот период регистрирани се 14 починати лица од Ковид-19. Билансот на смртни случаи од вирусот достигна 5.668.
Институтот за јавно здравје регистрира 140 оздравен пациент од Ковид-19, додека вкупната бројка на досега излекувани изнесува 152.098.
Во моментот, бројот на активни случаи со Ковид-19 изнесува 11.106.
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се реализирани 6.591 тестирање за Ковид-19, а досега во земјата се направени вкупно 1.108.429 тестирања.