Şeyma Uzundere
02 Август 2021•Ажурирај: 03 Август 2021
АНКАРА
Во светот се администрирани повеќе од 4,18 милијарди дози вакцини против Ковид-19, јавува Агенција Анадолија (АА).
Податоците објавени на интернет-страницата „Ourworldindata.org“ покажуваат дека Кина, со повеќе од 1,67 милијарди администрирани дози, е земја со најголем број вакцинирани.
Следуваат Индија со 472,22 милиони, САД со 346,46 милиони, Бразил со 142,49 милиони, Германија со 92,05 милиони, Јапонија со 87,38 милиони, Велика Британија со 85,2 милиони, Турција со 73,61 милиони, Франција со 72,67 милиони и Италија со 68,74 милиони администрирани дози.
Според информациите што ги објави Министерството за здравство на Република Турција, во таа земја досега се администрирани 73.616.084 дози вакцини, што ја прави осма земја во светот според вкупниот број вакцинирани.
Првата доза од вакцината против Ковид-19 ја примиле 41.090.753 лица, а втората доза им е дадена на 27.530.715 лица.
Поголемиот дел од вакцините против Ковид-19 се даваат во две дози, така што бројката на администрирани вакцини не соодветствува со бројката на лица што се вакцинирани во потполност.
Информациите објавени на интернет-страницата „Worldometers“ покажуваат дека во светот со коронавирусот се заразени 199.191.178 лица, од кои животот го загубија 4.244.017 заразени, а оздравеа 179.765.916 лица претходно позитивни на Ковид-19.