свет, Коронавирус

Во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 3.693 лица

Во последното деноноќие во Бразил починаа 3.693 лица кај кои е детектиран коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати како последица на заразувањето со овој вирус на 348.934

Muhammed Emin Canik  | 10.04.2021 - Обновена : 11.04.2021
Во последните 24 часа од последици предизвикани од Ковид-19 во Бразил починаа 3.693 лица Фото: Фабио Тешеира / АА

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Новиот тип коронавирус (Ковид-19) во последните 24 часа е причина за смртта на 3.693 лица во Бразил, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според податоците што ги објави бразилското Министерство за здравство, во последните 24 часа детектирани се 93.317 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број лица позитивни на вирусот се искачи на 13.375.414.

Во последното деноноќие во Бразил починаа 3.693 лица кај кои е детектиран коронавирусот, зголемувајќи ја вкупната бројка на починати како последица на заразувањето со овој вирус на 348.934.

Досега во оваа земја оздравеа 11.791.885 лица претходно позитивни на коронавирусот.

По Соединетите Американски Држави (САД), Бразил со популација од 210 милиони жители, е втора земја во светот според бројката на лица позитивни на коронавирусот и според бројот на починати.

Оваа земја минува низ тежок период бидејќи во последните недели се исполнети капацитетите на одделенијата за интензивна нега, а забележано е и ширење на варијантата П1, која се пренесува поинтензивно. Се смета дека оваа варијанта на коронавирусот се појавила во бразилската сојузна држава Амазон.


На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın