Ahmet Furkan Mercan
10 Април 2021•Ажурирај: 10 Април 2021
ТОКИО
Земјотрес со интензитет од 5,2 степени се почувствува на островите што се наоѓаат на отворено море во префектурата Кагошима во југозападниот дел на Јапонија, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на јапонската Агенција за метеорологија, во 07:07 часот по локално време е регистриран земјотрес со интензитет од 5,2 степени на длабочина од 20 километри, на островите Токара кои се наоѓаат на отворено море и припаѓаат на префектурата Кагошима.
Агенцијата за метеорологија не даде предупредување од можно цунами по земјотресот.