Büşra Nur Bilgiç Çakmak
19 Ноември 2020•Ажурирај: 20 Ноември 2020
АНКАРА (АА) - Во Полска денес се регистрирани 636 смртни случаи и 23.975 нови случаи на вирусот Ковид-19, што преставува највисока бројка забележана за еден ден, јавува Агенција Анадолија (АА).
Со пријавените нови случаи, 796.798 лица досега се тестирани позитивни на Ковид-19, а 12.088 починаа со почетокот на епидемијата во земјата, објавија властите.
Околу 22.536 пациенти заразени со Ковид-19 во моментот се наоѓаат на болничко лекување, од кои 2.080 се на интензивна нега.
Во текот на изминаниот ден, вкупниот број на оздравени достигна 316.886.
Минатиот месец, Полска воведе построги мерки против вирусот, вклучувајќи ограничување на работните часови на местата како шопинг центрите, хотелите, кината и музеите, како и враќање на онлајн наставата.
Според новите мерки, децата под 16-годишна возраст ќе можат да ги напуштат домовите само со надзор од постаро лице, во период од 08:00 часот изутрина до 16:00 часот.
Рестораните, кафулињата и пабовите имаат дозвола да обезбедуваат услуги за достава.