Ekip
29 Мај 2020•Ажурирај: 01 Јуни 2020
АНКАРА
Во Нов Зеланд денеска не е забележан ниту еден нов случај на заразување со Ковид-19, што е веќе седми ден по ред без ниту еден новозаразен, јавува Агенција Анадолија (АА).
Здравствените установи соопштија дека моментално во земјата постои само еден активен случај на заразување со Ковид-19.
Властите, поради значително подобрената епидемиолошка состојба, дозволија на едно место да можат да се собираат до 100 лица.
Министерот за финансии, Грант Робертсон, ги опиша напорите на Нов Зеланд за борба против глобалната пандемија на Ковид-19 како „неверојатно добри“. Сепак, тој призна дека мерките влијаат врз производниот сектор, велејќи дека нивото на производство е „малку пониско“ од вообичаеното.
Нов Зеланд воведе строги мерки во април кои потоа беа укинувани во фази и во моментот се воспоставени ограничувања во рамките на втората фаза.
Дозволени се рутински активности, вклучително училишта, компании, кафулиња, ресторани, свадби или погреби, но со мерки за физичка оддалеченост.
Во Нов Зеланд досега се пријавени 1.504 случаи на Ковид-19, додека 22 лица починаа од неговите последици.