Nuri Aydın
12 Јули 2020•Ажурирај: 12 Јули 2020
АНКАРА (АА) - Во изминатите 24 часа во Кина се откриени седум нови случаи на Ковид-19, додека во Јужна Кореја се регистрирани 44 новозаразени, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Националната здравствена комисија на Кина соопшти дека сите 7 нови случаи се регистрирани кај лица кои допатувале од странство, и дека во истиот период немало нови смртни случаи предизвикани од Ковид-19.
Во соопштението се наведува дека вкупниот број на заразени е зголемен на 83.594, додека бројот на починати останал непроменет, односно 4.634.
Во Кина досега се излекувани 78.634 лица, кај кои претходно е дијагностициран Ковид-19.
- Во Јужна Кореја бројот на случаи со Ковид-19 зголемен на 13.417 -
Од јужнокорејскиот Центар за контрола и превенција на болести е соопштено дека во текот на изминатиот ден се забележани 44 нови случаи на Ковид-19, од кои 33 се лица кои допатувале од странство.
Соопштено е дека вкупниот број на заразени се зголемил на 13.417, а од вирусот оздравеле 12.178 заразени, додека 289 лица починале од последици предизвикани од Ковид-19.