свет, Коронавирус

Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.071 лицe, во Мексико 539, додека во Индија 551 лице

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.071 лицe, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 71.469 лицa

Muhammed Emin Canik, Nuri Aydın  | 12.07.2020 - Обновена : 12.07.2020
Од Ковид-19 во Бразил починаа уште 1.071 лицe, во Мексико 539, додека во Индија 551 лице

БУЕНОС АИРЕС (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во последните 24 часа во Бразил починаа 1.071 лице, во Мексико 539 лица, додека во Индија 551 лицa, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Според соопштението на Министерството за здравство на Бразил, со починатите 1.071 лицe, вкупниот број на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се зголеми на 71.469 лицa.

Во земјата дијагностицирани се уште 39.023 случаи, со што вкупниот број на досега заразени порасна на 1.839.850.

Бројот на излекувани лица од овој вирус во земјата изнесува 1.100.873.

Бразил, чие население брои 211 милиони жители, се смета за епицентар на пандемијата во Латинска Америка.

Претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро, кој е познат по својот потценувачки став кон пандемијата, соопшти дека е заразен со новиот тип коронавирус.

Институтот за географија и статистика на Бразил претходно објави дека во мај се регистрирани 4,2 милиони лица кои го загубиле чувството за вкус, мирис, имале кашлица и висока температура, симптоми слични на коронавирусот.

- Бројот на смртни случаи во Мексико се зголеми на 34.730 -

Според податоците што ги објави Министерството за здравство на Мексико, во последните 24 часа регистрирани се 539 смртни случаи од Ковид-19, со што бројката на починати од вирусот се зголеми на 34.730.

Вкупниот број на лица позитивни на Ковид-19 во Мексико изнесува 295.268, од кои 6.094 се евидентирани во последните 24 часа.

Во Мексико оздравеа 180.532 лица заразени со коронавирусот.

Првиот случај на Ковид-19 во Мексико е детектиран на 28 февруари, а првиот смртен случај е регистриран на 19 март.

- Ковид-19 е причина за смртта на 22.674 лица во Индија -

Министерството за здравство на Индија објави дека во последното деноноќие се регистрирани 551 смртен случај предизвикани од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати од коронавирусот во земјата се искачи на 22.674.

Во последните 24 часа дијагностицирани се 28.637 лица позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени се зголеми на 849.553.

Во Индија досега оздравеа 534.620 заразени со коронавирусот.

Според интернет-страницата „Worldometer“, Индија е трета земја во светот според бројот на лица позитивни на коронавирусот.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.