Dildar Baykan Atalay
24 Јули 2023•Ажурирај: 25 Јули 2023
ПЕКИНГ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа при уривање на покривот на училишна спортска сала во кинеската провинција Хејлонгџијанг, јавува Анадолу.
Според новинската агенција Синхуа, синоќа се урнал покрив на спортска сала во средно училиште. Во соопштението на регионалните противпожарни и спасувачки екипи било наведено дека во моментот на уривањето во салата имало 19 лица.
Властите соопштија дека се пронајдени телата на 11 лица, додека четворица се спасени со повреди.
Според прелиминарните податоци, при изградбата на салата незаконски се користел перлит на покривот. Овој материјал ја впива водата за време на дождот и станува потежок, предизвикувајќи уривање на покривот.
Приведени се лицата што учествувале во изградбата на покривот.