Muhammet Tarhan
29 Јули 2023•Ажурирај: 31 Јули 2023
АНКАРА (АА) - Министерот за надворешни работи на Туркије, Хакан Фидан, и неговиот јужнокорејски колега Парк Џин се состанаа денес во Анкара, главниот град на Туркије, известува Анадолу.
Двајцата министри во текот на состанокот разговараа за билатералните односи, како и за регионалните и глобалните случувања.
Парк го посети и Споменикот на турските паднати борци што се бореа во Кореја, а кој е подигнат во сеќавање на турските војници што настрадаа за време на Корејската војна.
Парк, придружуван од својата делегација, положи венец на споменикот.