Mustafa Kurt,Mert Cantürk
30 Јули 2023•Ажурирај: 31 Јули 2023
АНТАЛИЈА (АА) - Во подрачјето на Аланија, во турската област Анталија, две лица загинаа, а 12 се повредени при судир на туристички минибус со шлепер, известува Анадолу.
Возачот на туристичкиот минибус со казахстански туристи, на автопатот Д-400, пред светлосна сигнализација одзади удрил во шлепер.
По добиеното известување, на местото на несреќата пристигнале полициски, жандармериски и медицински екипи.

Утврдено е дека на местото на несреќата загинале возачот на минибусот и туристичкиот водич кој по потекло бил од Украина.
Во сообраќајната несреќа повредени се 12 туристи, од кои шест потешко и тие се пренесени во болниците во подрачјето на Аланија и Манавгат.
Полициските екипи извршиле увид на местото на несреќата, а возачот на шлеперот е однесен во полиција на сослушување.