Cüneyt Çelik,Hüseyin Demirci
30 Јули 2023•Ажурирај: 31 Јули 2023
КАРС (АА) - Тешка сообраќајна несреќа се случи при превртување автобус во Карс, Туркије, во која загинаа седум лица, а 22 се повредени, известува Анадолу.
Патничкиот автобус се преврти по преминувањето на вијадуктот на влезот во округот Сарикамиш на автопатот Ерзурум - Карс.
На местото на несреќата се упатени голем број медицински и противпожарни екипи и припадници на жандармеријата.

По падот во бездната длабока 50 метри, автобусот запрел превртен на покривот. Во несреќата животот го загубија седум лица, а 22 се повредени.
По извлекувањето од автобусот повредените лица се пренесени во болниците во Ерзурум и Карс.

Тешко повредените лица со хеликоптер се пренесени во Ерзурум.
Гувернерот на Карс, Туркер Оксуз, потврди за Анадолу дека во несреќата загинале седум лица, а 22 се повредени.