свет

Вооружен напад во САД, убиени двајца полицајци

Началникот на полицијата во Мекален, Виктор Родригез, истакна дека двајца полицајци биле нападнати со оружје во една куќа, каде отишле по претходна дојава

Nuri Aydın  | 12.07.2020 - Обновена : 13.07.2020
Вооружен напад во САД, убиени двајца полицајци

АНКАРА (АА) - Двајца полицајци загинаа во вооружен напад во Мекален, во американската сојузна држава Тексас, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Началникот на полицијата во Мекален, Виктор Родригез, истакна дека двајца полицајци биле нападнати со оружје во една куќа, каде отишле по претходна дојава.

Родригез наведе дека двајцата полицајци починале на местото на настанот.

Нагласувајќи дека напаѓачот Алдон Карамило се самоубил откако пукал во полицајците, Родригез соопшти дека Карамило имал кривично досие, а исто така по него се трагало за кривични дела поврзани со вооружени напади и дрога.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.