Sena Güler
12 Јули 2020•Ажурирај: 13 Јули 2020
АБУЏА (АА) - Бројот на случаи на новиот коронавирус, Ковид-19, во африканските држави Јужноафриканска Република и Гана во изминатите 24 часа се зголеми, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Јужноафриканската Република во текот на изминатите 24 часа пријави 13.497 новозаразени, со што вкупниот број на заразени од почетокот на епидемијата во земјата изнесува 264.184
Од Ковид-19 во изминатото деноноќие починаа 111 лица, додека бројот на смртни случаи од Ковид-19 во земјата се искачи на 3.971.
Вкупно 127.715 лица досега го победија вирусот.
Регионот Гаутенг има најголем број заразени, додека Северен Кејп има најмал број на заразени и смртни случаи од вирусот.
Јужноафриканската Република и понатаму е најпогодена земја од вирусот во Африка.
- Гана -
Западноафриканската земја соопшти дека во изминатите 24 часа биле евидентирани 371 случаи на вирусот, со што досега во земјата од вирусот се заразиле 23.834 лица.
Здравствените власти во Гана информираа дека уште шест лица починале од вирусот, со што бројот на смртни случаи сега изнесува 135.
Во земјата од Ковид-19 оздравеа 19.212 пациенти.
Главниот град Акра, како и регионот Ашанти, западна и централна Гана, пријавија досега најголем број на заразени.
Во цела Африка бројот на дијагностицирани случаи надмина 563.000, додека 12.813 лица починаа како резултат на коронавирусот Ковид-19.