свет

Втор круг претседателски избори во Полска

Според истражувањата на јавното мислење пред вториот круг претседателски избори, Дуда има поддршка од 50,9 отсто, додека Тшаковски има поддршка од 49,1 отсто од гласачите

Dilara Hamit  | 12.07.2020 - Обновена : 13.07.2020
Втор круг претседателски избори во Полска

ВАРШАВА (АА) - Гласачите во Полска денес бираат претседател во вториот круг претседателски избори во земјата, откако ниту еден кандидат во првиот круг не освои 50 отсто гласови потребни за целосна победа, јавува Агенција Анадолија (АА).

Претседателот на Полска, Анджеј Дуда, во првиот круг на изборите освои најмногу гласови, 43,5 отсто, додека неговиот ривал Рафал Тшаковски, кој ја претставува опозициската партија Граѓанска платформа, освои 30,4 отсто од гласовите.

Гласањето започна во 07:00 часот по локално време и ќе трае до 21:00 часот.

Според истражувањата на јавното мислење пред вториот круг претседателски избори, Дуда има поддршка од 50,9 отсто, додека Тшаковски има поддршка од 49,1 отсто од гласачите.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın