Riyaz Khaliq Khaliq
01 Август 2023•Ажурирај: 02 Август 2023
ИСТАНБУЛ (АА) - Најмалку 11 лица загинаа, а 27 се водат како исчезнати по обилните врнежи од дожд што ја погодија Кина, објавија државните медиуми, пренесува Анадолу.
Жртви се пријавени во главниот град Пекинг, објави „Синхуа њуз“.
Кина во петокот беше погодена од тајфунот Доксури.
Илјадници луѓе од северот на земјата се евакуирани на побезбедни места.