Riyaz Khaliq
26 Март 2020•Ажурирај: 27 Март 2020
АНКАРА
Кина денеска соопшти дека последните два дена не е забележано ниту едно локално заразување, изјави Агенција Анадолија (АА).
Кинеската национална здравствена комисија објави дека 6 нови лица починале како последица на вирусот и дека се потврдени 67 нови случаи на зараза, но сите од нив биле „увезени“.
Од почетокот на епидемијата во декември минатата година во Кина беа потврдени повеќе од 3.200 смртни случаи и над 81.000 потврдени случаи на зараза.
Над 74.000 пациенти закрепнале и биле пуштени од болница, велат здравствените официјални претставници.
Жариште на вирусот останува Вухан, град во кинеската покраина Хубеи, каде што починаа над 2.500 луѓе, а потврдени се над 50.000 случаи.
Од Здравствената комисија се вели дека во Кина биле „увезени“ 541 случај на зараза.
Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 169 земји и региони низ светот, додека бројот на детектирани случаи на заразени со новиот тип коронавирус надмина 423.000. Од последиците предизвикани од овој вирус починаа над 19.000, а речиси 108.000 се излекувани.