Zehra Ulucak
27 Април 2020•Ажурирај: 27 Април 2020
АНКАРА/СЕУЛ (АА) – Во Кина откриени се 3, а во Јужна Кореја 10 нови случаи на новиот вид коронавирус, Ковид-19, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според соопштението на кинеската Национална здравствена комисија, во последните 24 часа биле откриени вкупно 3 случаи на Ковид-19, додека починати нема.
Со последните бројки, вкупниот број случаи на Ковид-19 во Кина се зголеми на 82.830.
Во земјата поради коронавирусот починаа 4.633 лица, а излекувани се вкупно 77.474 лица.
- Во Јужна Кореја 10 нови случаи -
Во изјавата дадена од Центарот за контрола и превенција на болести во Јужна Кореја се наведува дека во последните 24 часа во земјата се откриени 10 нови случаи на Ковид-19.
Во Јужна Кореја досега од вирусот починаа 243 луѓе, а вкупниот број на случаи достигна 10.738.
Најмногу случаи во земјата се регистрирани во градот Даегу, а повеќе од 90 проценти од починатите се лица над 60 години.
Јужнокорејскиот премиер Чунг Сју Кијун, на седница одржана за коронавирусот, на надлежните институции за образование им наложи да преземат мерки „за одржување хигиена во училиштата и за спроведување на физичката оддалеченост“. На тој начин Владата за кратко време би можела да објави временска рамка за отворање на училиштата.
Бројот на заразени во светот со новиот вид коронавирус, Ковид-19, што се појави во градот кинескиот град Вухан, достигна над 2.995.000.
Во светот, 207.000 луѓе починаа поради Ковид-19, додека 881.000 лица што беа заразени со вирусот се излекуваа.