Barış Seçkin
14 Март 2020•Ажурирај: 14 Март 2020
РИМ (AA) – Во Италија од коронавирус починаа 1.266 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Заразувањето во Италија започна пред три седмици, а денес се забележани 250 нови смртни случаеви, што е највеќе на дневно ниво.
Челникот на Цивилната заштита Ангело Борели на конференцијата во Крим соопшти дека во земјата моментално се заразени 14.955 лица, а кога ќе се додаде бројка на починати и излечени, со вирусот се заразени вклупно 17.660.
Според неговите зборови, од вкупната бројка на починати, дури 890 лица се потврдени во Ломбардија.
Борели рече и дека од вчера оздравиле 181 лице, со што бројот на опоравени е зголемен на 1.439 лица.
Челникот на Врховната агенција за здравје во Италија Силвио Брусаферо соопшти дека просечната старосна граница на починати е 80 години.
Исто така, челникот на Ломбардија Атилио Фонтана, соопшти дека во Лодиџиано, кој е првиот регион ставен во карантин, денес немало нови случаи на заразување.
Иако коронавирусот во Италија највеќе ги погодува повозразните, весникот „Ла Република" (La Republika) јави дека машко лице од Торино, кое има 97 години се опоравило за седум дена.