Barış Seçkin
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
РИМ
Вo изминатите 24 часа во Италија како последица од заразеност со Ковид-29 починаа 236 лица со што вкупниот број на смртни случаи во оваа земја се зголеми на 29.315, јавува Агенција Анадолија (АА).
Цивилната заштита на Италија го објави дневниот преглед на епидемиолошката слика, во кој наведува дека бројот на активни случаи во земјата е намален за 1.513 во однос на вчера, информирајќи дека тој изнесува 98.467.
Вкупниот врој на лица позитивни на Ковид-19 во Италија се зголеми на 213.013, а вкупниот број на оздравени изнесува 85.231, од кои 2.352 оздравеле во последните 24 часа.
Во Ломбардија, епицентарот на пандемијата во Италија регистрирани се 95 нови смртни случаи.
Од почетокот на пандемија во Италија се извршени 2.246.666 тестирања на Ковид-19.
Министерот за култура и туризам Дарио Франческини изјави дека секторот туризам „паднал на колена“, додавајќи дека пандемијата ќе продолжи долго да влијае на тој секотор.
Франческини посочи дека се потребни вонредни конкретни интервенции за да се спаси секторот туризам.