İlyas Tayfun Salcı
05 Мај 2020•Ажурирај: 06 Мај 2020
ЛОНДОН
Велика Британија стана земја со најголем број на смртни случаи како последица од заразеност со ковид-19 во Европа. Досега во оваа земја од заразеност со новиот тип на коронавирусот животот го загубија 29.427 лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Британскиот министер за надворешни работи, Доминик Раб соопшти дека во последните 24 часа во В.Британија починале уште 693 лица соштоо вкупниот број на смртни случаи во оваа земја е зголемен на 29.427.
Со последните починати, Велика Британија стана земја со најголем број на смртни случаи во Европа, надминувајќи ја и Италија, која долго беше најголемо жариште на коронавирусот во Европа. Во Италија, според последние официјални податоци, од последици предизвикани од Ковид-19 починале 29.315 лица.
Велика Британија сега е втора земја во светот според бројот на починати, веднаш зад САД.
Во Британија последните 24 часа се извршени 84.806 тестирања, вкупно 1.383.842.
Бројот на лица позитивни на тестот на Ковид-19 во позледните 24 часа изнесува 4.406, со што вкупниот број на заразени е зголемен на 194.990 лица.
Министерот Раб истакна дека борбата против пандемијата нема да биде лесна ниту во наредниот период.
Велика Британија на 23. март воведе мерки кои се однесуваат на движењето на населението, но и затворање на сите објекти кои даваат комерцијални услуги освен маркетите и апотеките.
Мерките по 16. април се продолжени за уште 3 недели.
Сеочекува британската Влада на 7. мај, кога истекува рокот, да ги преиспита ограничувањата и да ја објави мапата занормализација на состојбата во земјата.
Светската здравствена организација (СЗО) на 11. март прогласи „глобална пандемија“ поради ширењето на коронавирусот. Исто така СЗО Европа и САД ги прогласи за нови епицентри на ширењето на пандемијата на новиот тип на коронавирусот кој кон крајот на минатата година за првпат се појави во кинескиот град Вухан.