свет, Коронавирус

Во Италија детектирани над 100.000 заразени од Ковид-19, а починаа над 11.000 лица

Во Италија детектирани над 100.000 заразени од Ковид-19, а во последните 24 часа починаа 812 лица, со што вкупниот број на смртни случаи е над 11.000

Barış Seçkin  | 30.03.2020 - Обновена : 31.03.2020
Во Италија детектирани над 100.000 заразени од Ковид-19, а починаа над 11.000 лица

РИМ

Денес во Италија се потврдени 812 нови смртни случаи од последиците на коронавирус, при што вкупниот број на починати изнесува 11.591, сѐ уште највисоката бројка на потврдени смртни случаи во светот, јавува Агенција Анадолија (АА).

Сепак, последните бројки потврдени од италијанскиот Оддел за цивилна заштита покажуваат намалување во бројот на нови потврдени случаи, со зголемување од само 2 отсто. Вкупната бројка на потврдени случаи на заразување изнесува 75.528, најниска стапка од почетокот на епидемијата во земјата.

Вкупниот број на лица кои се излекувале од вирусот изнесува 14.620.

Докторите и медицинските техничари кои ги лекуваат заболените ја платија највисоката цена од епидемијата, при што се потврдени најмалку 63 смртни случаи меѓу медицинскиот персонал до сега, со просек од 600 нови случаи секојдневно.

Италијанските експерти велат дека епидемијата сѐ уште не го достигнала својот врв во земјата, но се приближува кон таа точка.

Се очекува Владата од почетокот на април да одобри нов декрет, со кој се очекува да се продолжат мерките за ограничено движење за уште најмалку две недели.

Италијанската Влада во саботата на локалните администратори им обезбеди ваучери од 400 милиони евра за храна и економска помош за најсиромашните во нивните региони.

Оваа сума ќе биде достапна за градоначалниците заедно со очекуваните средства од централната власт во вредност од 4,3 милијарди евра.

Работниците во земјата се најмногу погодени од епидемијата на Ковид-19, при што не се во состојба да работат и не се квалификувани за државна поддршка.

Како резултат на тоа, незадоволството и социјалните тензии растат, особено во некои јужни региони каде што полицијата сега патролира во супермаркетите откако се извршени неколку грабежи.

Според Колдирети, асоцијација на земјоделци на Италија, на околу 2,7 милиони луѓе им е потребна помош за купување храна. Повеќето од нив живеат во јужните региони, особено Кампанија, Сицилија и Калабрија.

Италијанските власти исто така се загрижени дека организираниот криминал може да ја искористи економската криза предизвикана од пандемијата и да го прошири своето присуство на најсиромашните територии во земјата.

Вирусот што за првпат се појави во Вухан, Кина, во декември минатата година, се прошири во најмалку 177 земји и региони низ светот. Од последиците предизвикани од овој вирус во светот починаа вкупно 35.019 лица, а детектирани се над 750.000 случаи на заразени со Ковид-19.

На веб страницата на Anadolu Agency (AA) објавена е само дел од содржината на вестите од Системот на проток на вести (HAS). За целосната содржина на вестите ве молиме контактирајте нè за претплата.
Поврзани теми
Bu haberi paylaşın