Ferdi Türkten
30 Март 2020•Ажурирај: 31 Март 2020
АНКАРА
Министерството за здравство на Република Турција соопшти дека бројот на заразени со коронавирус во таа земја се зголемил на 10.827, а досега се излекувани 162 заболени лица, јавува Агенција Анадолија (АА).
Ресорниот турски министер Фахретин Коџа на социјалната мрежа Твитер го објави дневниот преглед на епидемиолошката слика во таа земја.
Во прегледот се наведува дека во изминатите 24 часа на коронавирус се тестирани 11.535 лица од кои 1.610 лица биле позитивни на тестот. Вкупниот број на заразени во Турција е зголемен на 10.827.
Во изминатите 24 часа од последиците на заразување со коронавирус во Турција починаа 37 заболени, со што вкупниот биланс на мртви во таа земја е зголемен на 168.
Од Министерството соопштија дека се излекувани 162 заболени во Турција.
Во Турција на коронавирус досега се тестирани вкупно 76.981 лица.
Меѓу заразените 725 пациенти се згрижени на одделот за интензивна нега.