Elaheh Salari,Bilal Güler
09 Март 2020•Ажурирај: 09 Март 2020
АНКАРА (АА) - Како последица на новиот вид коронавирус (Ковид-19), во Иран починаа 13 здравствени работници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Според вестите објавени во иранските медиуми, во земјата починале девет лекари и 4 медицински сестри поради Ковид-19.
Се вели дека во Гилан починале 3 лекари, во Мазендеран 2, по еден лекар во Решт, Астара, Бендер Абас и Истифан, додека во Решт починале 2 медицински сестри и по една медицинска сестра во Техеран и Лахиџан.
Првиот случај на Ковид-19 во Иран беше откриен на 19 февруари во градот Ком, а вирусот се ширеше брзо во иранскиот главен град Техеран и во другите области.
Досега поради Ковид-19 во Иран починаа 237 лица.